Николов: По ората и славјето во Штип, денеска Филипче и Заев го исмеваат народот со нови мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Игор Николов, претседателот на Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше по повод новите мерки донесени од Владата. Тој вели дека по славјето и изиграните ора во Штип по локалните избори, сега Филипче и Заев го исмеваат народот со нови мерки.

„Заев и Филипче глумат загриженост, наводно прифаќаат некакви мерки, но во исто време на корона изборите тераат оро и слават во кафеана.

Додека пациентите не можат да се обезбедат со инсулинска и антикоагулантна терапија, додека се соочуваме со инсулинска криза во државата, тие народот го лажат и го замајуваат дека имало мерки, и дека се преземаат нови мерки. Во најмала рака ова е навреда за граѓаните, и навреда за болните.

И наместо да се слушне струката во врска со пандемијата со КОВИД-19, таа се користи за параван за неспроведување на мерки, а се слушаат пи-ар претставите на Филипче и на Заев. Комисијата за заразни болести не е ништо друго туку еден обичен параван.

Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што се предлагаат тие мерки, во исто време треба да се објави и објасни кога се планираат тие цели да бидат остварени. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче претставува еден обичен пи-ар.

Треба да се одговори, зошто досегашните мерки кои што ги имавме наместо резултати дадоа пролонгирана агонија. Ги навикнаа граѓаните на 20, 30 па и 40 починативо текот на денот, во текот на 24 часа. Ги навикнаа граѓаните на 30-35% позитивни од вкупно тестирани во 24 часа.

Здравството се претвори во КОВИД здравство. Последна линиката која што станува КОВИД клиника е Клиниката за трауматологија, а наверојатно со оваа динамика и со овие мерки – немерки наскоро и целата зграда на Хирургија ќе стане КОВИД во кампусот клиники Мајка Тереза.

И наместо претворање на целокупното здравство во КОВИД здравство и лекување на само една дијагноза, требаше да загрижат и згрижат останатите пациенти, останатите заболувања и останатите дијагнози.“, рече Николов.