Николовска: Со новиот Закон за судски совет, ќе може да се следи и оценува работењето на судиите

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Екс судијката во Европскиот суд за човекови права Стразбург Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 посочи дека со новиот Закон за судски совет ќе може да се следи и оценува работењето на судиите.

„Во законот за судски совет се ставени одредени членови, преку кој ќе може да се следи и да се оценува квалитетот во работењето на судиите… Зајакната е улогата на судскиот совет, и условите за разрешување и дисциплинска постапка се јасно поставени и презентирани. Сето тоа е направено да се избегне поличкото влијание“, посочи Николовска.