Николовски: Имаме стабилно мнозинство – Мицкоски прашува каде им се 7 пратеници и дали наскоро тие ќе гласаат за друга Влада?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на индустриската зона во Чојлија праша каде им се 6-7 пратеници на СДСМ?

„Она што се покажа на интерпелацијата за вицепремиерто Димитров е дека тој ја нема довербата на 62 пратеника, што значи кога денеска би се гласала Владата тој нема да помине, бидејќи има само 55 пратеника. Така што мислам дека наместо да се извртува тезата треба да се постави прашањето каде исчезнаа 7 пратеника кои што пред само шест месеци го гласаа Никола Димитров. Да не тие 7 пратеници понатаму гласаат некоја друга Влада и некои друго парламентарно мнозинство набргу од денес“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Парламентарното мнозинство е стабилно, порача денеска од Штип, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени Парламентарни избори. Николовски забележа дека СДСМ е најголемата и најразноликата политичка партија, која ја добила целосната поддршка од граѓаните, како и од македонскиот исток со што, какошто вели, се прати пораката дека граѓаните застануваат зад членството во НАТО, ЕУ, како и за западниот концепт и за трансформација на општеството со нови европски вредности, поголеми плати, крупни капитални проекти.

-Овде во Штип и ВМРО ДПМНЕ имаа можност, прилика да учествуваат на избори пред само два месеци и нема крај на ретроградните и на политиките на затвореност, на политиките на омраза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад. ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно, вели Николовски.