Нинослав Јовановиќ осуден на доживотен затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нинослав Јовановиќ (48) или попознат како „Малчанскиот бербер“ од Малча е осуден на доживотен затвор за киднапирање и злоупотреба на дванаесетгодишно девојче од Суво Дол кај Ниш.

Пресудата е првостепена и беше донесена во Високиот суд во Ниш нешто по 11 часот, во присуство на семејството на повредената малолетничка, како и бројни новинари. Осудениот не пристуствувал на читање на пресудата.

Јовановиќ е осуден на 11 години за киднапирање на девојчето, а вкупно на доживотна казна, јавува репортерот на Н1.

Во образложението на пресудата се вели дека тој бил свесен што прави и дека и нанел тешки телесни повреди на девојчето.

Јовановиќ беше обвинет дека во декември 2019 година киднапирал и десет дена го злоставувал девојчето.

Пресудата беше изречена точно на годишнината од денот кога Јовановиќ беше уапсен на гробиштата во Малча, по потерата во која учествуваа околу 800 полицајци, жандарми, извидници и други граѓани.

Заради заштита на интересите на малолетната жртва, судењето беше затворено за јавноста, а новинарите присуствуваа само на изрекувањето на пресудата, а не на читањето на образложението.