Ниту денеска нема предлог за новата Влада – Заев: Влада откако ќе се изберат новите пратеници

НАШ ПРЕДЛОГ

Силен земјотрес во Турција и Грција, има загинати, стотици се повредени, се урнаа над 20 згради

За само неколку секунди облак од прашина се издигна над Измир. Од силниот земјотрес се урнаа неколку...

УО на Агенцијата ја разреши Лидија Димова од директорка

И официјално - Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и...

НОВ РЕКОРД, 934 позитивни на коронавирус – еве го целиот извештај!

Нов црн рекорд во Македонија со бројот на заразени од коронавирус. Дури 934 позитивни случаи од вкупниот...

И покрај тоа што беше најавено, предлог за Влада ниту денеска нема да се достави до Собрание. Според тоа што го најави мандатарот, Зоран Заев, предлогот за состав на Владата и владината програма ќе биде доставени до Собранието, откако законодавниот дом ќе ги избере своите потпретседатели и новите пратеници, откако некои од пратениците ќе ја напуштат функцијата.

Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот.

Но, дали фактот што Заев не го доставува предлогот за Влада е резултат на внатрепартиските судири кај коалициониот партнер, ДУИ? Заев немаше одговор по ова прашање.

Без разлика на тоа, потпретседателот на социјалдемократите, Дамјан Манчевски, вели дека до следната недела ќе имаме функционална Влада.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес ја критикуваше владејачката коалиција. Пратеникот Тимчо Муцунски не сака да прејудицира за времетраењето на владата, но вели дека новата коалиција нема да ги реши проблемите на граѓаните.

Инаку, Собранието ќе мора да избере нови пратеници бидејќи некои од претходните беа предложени за министри од редовите на СДСМ. Измени има и во парламентарната група на ДУИ. Пратеникот Флорин Бесими најави дека ќе даде оставка за да избегне судир на интереси за време на гласањето на новата Влада каде неговиот брат, Фатмир Бесими е предложен за министер за финансии. И претходно имало случаи кога пратеници биле избрани и за министри, а сите овие постапки завршија на истата седница и не претставуваат проблем за доставување на предлогот за новата Влада.

Караташ од Измир за ТВ21: 15 секунди се тресеше сѐ, кај народот има паника и страв

Хјусеин Караташ кој живее во Измир, за ТВ21 раскажува за денешниот земојтрес во Турција. „Беше страшно, 15 секунди...

„Црн“ рекорд и во Грција – 1.690 новозаразени

Во изминатите 24 часа во Грција во Грција се регистрирани 1.690 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата,...

НЕПТУН од денес започнува со преднарачка на новите iPhone 12 смартфони на 24 рати без камата на цените со попуст!

Сите оние кои со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на новите и најмоќни iPhone телефони, од денес ќе можат да направат преднарачка на...

Повредени и материјална штета на Самос, апел до жителите на островот да се оддалечат од морето

 Најмалку четворица повредени, материјална штета на објекти и излевање на морето, е првичниот неофицијален биланс од силниот земјотрес со јачина од 6.7...

Филипче ги посети студентите од шестта година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во ИЈЗ

Министерот Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за...