Пожарникарите пристигнаа. Добија повик за нов пожар во светиниколското село Богословец. Гореше сува трева и шумска површина, но пламените јазици „проголтаа“ и 4 викендици.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, очекува пожарот да биде изгасен до зори.
Жителите кои доброволно излегле да им помогнат на пожарникарите, велат дека пожарот настанал поради искрите од електричните кабли.
Овој жител вели дека едвај успеал да ја спаси својата куќа, а 4 викендици веќе биле опожарени.
Пожарот е активен и денеска, но од вчера попладне почна да се проширува и кон селото Богословец, кога од високиот рид почна да се префрла кон другата страна на територијата на Штип.
