Нормализиран е сообраќајот на патот Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ.
Попладнево на овој патен правец се случи голем одрон, како последица од земјотресот кој се случи околу 15:30 часот во тоа подрачје.
АМСМ информираше дека има одрон, а екипи веднаш излегоа на терен и го расчистија. Се создаде и голема колона на возила кои чекаа да се санира штетата и да го продолжат патувањето.
