Нормализиран сообраќајот Скопје-Велес – еве каде има забрани за камиони!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајната состојба на државните патишта и утринава е променлива поради зимските услови. Во 08:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Битола–Ресен.

Во исто време, забрана за сообраќај за тешки товарни возила сè уште е на сила на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, како и на патните правци Маврово–Дебар–Струга и граничниот премин Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, со остатоци од снег на коловозите, поради што се препорачува зголемена внимателност и прилагодување на брзината на условите на патот.

Од 09:30 часот, сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно на патниот правец Велес–Скопје, е целосно нормализиран.