Нов инцидент со авион: Се расипала опремата за слетување, па се приземјил без тркала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на „Ер Канада Експрес“ упрауван од компанијата „Пал Ерлајнс“, е значително оштетен во инцидент при слетување на меѓународниот аеродром Халифакс Стенфилд.

Порпаролот на Ер Канада, Питер Фицпатрик изјави дека леталото имало „сомнителен проблем со опремата за слетување“, по пристигнувањето во саботата вечерта и дека авионот не можел да дојде до терминалот.

Патниците, кои биле 73 во авионот, со автобус биле пренесени до терминалот.

Фицпатрик истакна дека никој во леталото не е животно загрозен, и дека има само ситни повреди кај некои патници.