Не се смирува состојбата со Ковид -19 во Албанија, каде во последното деноноќие е регистран нов негативен рекорд од 879 заразени.
-Во последното деноноќие од тестираните 2.734 сомнителни случаи, вирусот е дијагностициран кај 879 или над 32 отсто од тестраните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384 додека починаа 12 пациенти. Во четирите ковид болници хоспиталзирани се 455 пациенти, 27 на интензивна терапија и седум интубирани, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Од Минстертвото апелираат да се почитуваат мерките за заштита од опасниот вирус,посебно групирања и големи собири. Покрај другите последици од протестите, од епдемиолошки аспект последиците допрвна ќе се видат.
-Од почетокот на пандемијата направени се 219.175 тестови, позитиен резултат е добиен кај 47.742, оздравеле 24.520, починале 989 додека активни на болеста се 22.233,додаваат од Министертвото.
Во меѓувреме ресорната министерка Огерта Манстирлиу, ги отфрли обвнувањата дека не се издвојуваат доволно средства за здраственот секор.
-Со буџетот за наредната година се превидува зголемување за 23 отсто,што е историски раст на средствата за здравствениот секор.Планирани се инвестиции, ќе продолжи рефундацијата на средствата за лековите за лицата кои се лекуваат во домашни услови и секако исторски раст за 40 отсто на платите на здратсвените работници, рече таа.
