Нов силен земјотрес вечерва во Србија кој беше почувствуван и во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нов силен земјотрес вечерва ја погоди Србија, во близина на македонската граница. Земјотресот бил со јачина од 3,9 степени во близина на Врање, а бил почувствуван и во северниот дел на земјата, во Куманово, Крива Паланка и регионот.

Земјотресот бил на длабочина од 12 километри.

Ова е втор земјотрес во таа област за неполни 24 часа. Утрово нешто после 4 часот бил регистриран потрес со јачина од 3,2 степени.