Србија забележа уште еден ден со црн рекорд на новозаразени со Ковид-19. Откако вчерашната бројка се доближи до 5.000, и беше 4,994, денеска оваа земја бележи 5,613 случаи со коронавирус. Тестирани биле 18.040 лица.
На респиратор во моментов се наоѓаат 182 пациенти, а вкупно 5.317 лица се хоспитализирани по болниците.
Починаа 27 лица, со што вкупната бројка на починати во Србија изнесува 1.081 лице.
Во Србија вкупно се тестирани 1.555.000 лица. Процентот на смртност е 1,1 %.
