Нов убедлив пораз на македонските ракометари на Мундијалот во Египет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов убедлив пораз на македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Египет. Денеска подобра од нашата селекција беше националниот тим на Русија, кој на крајот ги совлада избраниците на Данило Брестовац со 32:20.

Речиси во целиот натпревар нашата селекција имаше негатива, за на полувремето да ги има и највисоките во тој момент 9:19.

Во вториот дел главно минуваше во „егал“ на двете страни, а во финишот Русија стигна до +12.

Сорока со шест гола, сите во првиот дел, беше најефикасен во средбата. Шест гола во македонскиот национален тим постигна Кузмановски. Кире Лазаров целиот меч го преседе на клупата за резерви.