Нов закон наместо балансерот? – Беџети: Ќе ги браниме националните достигнувања, Снопче: Законот е готов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот фронт продолжува да изразува загриженост за политичката состојба во земјава, откако Уставниот суд привремено го укина механизмот за балансерот  при вработување во јавната администрација. Пратеникот на Европскиот фронт Блерим Беџети во Клик плус најави дека ќе ги употребат сите демократски средства за да ги заштитат, како што вели, своите достигнувања што ги постигнале додека биле на власт. Го спомна законот за знамиња, законот за јазиците, правичната застапеност и други.

Блерим Беџети: Нашата загриженост  е да не продолжи како што беше со балансерот бидејќи прашањето за балансерот беше и нивно предизборно ветување. И ќе повторам. Да, нормално дека ќе ги користиме демократските патишта или со протести или со …

-Да го заштитите?

Б.Б.: Да се заштити едно достигнување кое  тие го овозможуваат, секој ден за да ја легитимираат таа одредба.

Но, пратеникот од редовите на коалицијата ВРЕДИ, Халил Снопче, ветува дека албанските граѓани нема да бидат дискриминирани при вработување. За ова вели дека имаат подготвен нов предлог закон, но нема да го достават до Собранието додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.

Законот е готов, го имам овде. Но, нормално, нема веднаш да го предложиме. Од оваа или најдоцна следната недела ќе започнеме дебатни форуми со интелектуалци и професионалци, за да ги добиеме нивните мислења и забелешки, тоа да го направиме на најсовршен можен начин. И ја имаме поддршката од нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за носење на законот за правична и еднаква застапеност. Значи рамнотежата, и да го укине Балансерот Уставниот суд, со ова се решава“, вели Халил Снопче.

Од Движењето Знам велат дека временото укинување на балансерот од страна на Уставниот суд нема да ја спречи правичната застапеност на заедниците при вработување. Тоа бара вработувањето да се врши врз основа на меритократија.

Инаку, како што изјави вчера пратеникот на коалицијата ВРЕДИ, Аднан Азизи, законот за правична и соодветна застапеност е договор меѓу коалиционите партнери, односно меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ, додека за Движењето Знам вели дека не можат да се мешаат бидејќи тие од почетокот не биле дел од преговорите за формирање на Влада, туку се како дополнителен дел.