Според сеизмолошките опсерватории, точно на пладне кај Маврово регистриран е нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер.
Земјотресот бил на длабочина од 10 км, на 17 км југозападно од Гостивар.
13:26 – Регистриран нов земјотрес со интензитет 3,6 степени според Рихтер, на 12 км. југозападно од Гостивар.

Ова е трет земјотрес регистриран, по утринскиот кој беше почувствуван низ цела држава.
За потсетување: Утринава во 4 часот и 54 минути, на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5.0 степени по рихтер. Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.
