Силен земјотрес со јачина од 5.0 степени почувствуван низ цела Македонија – нема пријави за настаната штета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 4 часот и 54 минути, на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5.0 степени по рихтер. Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

10:00Поради заматување на водата од ЈКП Маврово денеска препорачуваат да не се пие вода директно од чешма.

07:05Од Центарот за управување со кризи велат дека нема пријави за штети по земјотресот

06:55 – Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји.

06:28Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ за ТВ21: Земјотресот беше со јачина од 5.0 степени

06:14 – За ТВ21 од Центарот за управување со кризи велат дека кај нив само тројца граѓани се јавиле по земјотресот!

06:03 – ТВ21 ги објавува официјалните извештаи од сеизмограшите на ПМФ кои го регистрираа земјотресот во Македонија

05:57 – Нема информации за евентуална штета.

05:31ЕМСЦ: Нашите апликации и платформи се недостапни поради голем сообраќај по земјотресто во близина на Гостивар

Веб страницата на ЕМСЦ не прикажува никакви податоци!

05:30 – Епиценатрот на земјотресот е на 8,5 километри длабочина.

05:24ВИДЕО: Тажно! Погледнете како реагираа животните во скопската зоолошка по земјотресот утрово!

05:21 – Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ) пред само 3 минути пријави земјотрес со јачина од 5,5 степени во Македонија во близина Вруток. Земјотресот се случил рано наутро во среда на 11 ноември 2020 година во 4,54 часот по локално време на мала длабочина од 10 километри.

05:15 – Бројката од 5.4 степени е корегирана. Според последните информации јачината на земјоресот е со 4.9 степени по рихтер.

05:05 – Мапа – локација на епицентарот!

04:54 – Земјотрес почувствуван низ цела Македонија. ТВ21 известува од минута во минута…