Помал авион се урна во близина на аеродромот во Врсар, Хрватска. Според првите информации, едно лице е повредено. Инцидентот се случил утрово во 8:35 часот, откако полицијата добила пријава.
Како што објавија медиумите, пилотот на авионот е словенечки државјанин.
Врсар е место во Истра во близина на градот Пореч.
Ова е втора авионска несреќа за една недела во Хрватска. Исто така, во Истра, на 4 јуни, мал авион се урна во близина на Медулин, кога четири лица ги загубија животите.
