Нова криза, илјадници бегалци се засолнуваат во Кабул – што ова значи за светот и Македонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите осум дена талибанците освоија речиси половина од 34 провинциски главни градови, вклучувајќи го вториот по големина град во Авганистан.

Нова хуманитарна криза, а илјадници бегалци се засолнуваат во Кабул.

ТВ21 разговараше со професори по безбедност кои предупредуваат на нов мигрантски бран во Макеоднија.

„Она што нас би не загрижило, е тоа што треба да бидеме спремни за повратниците од таму и да бидеме спремни дека сериозен мигрантски бран може да наметне повторно сериозни бранови кои би се менаџирале тешко поради пандемијата и поради економиите во овој дел од Европа“, истакна Милан Стефановски.

„За Македонија битно е да се очекува дека е можен еден нов бран мигранти. Секако бројот и интензитетот на овој нов бран не може да предвиди, бидејќи зависи од повеќе варијабилни фактори меѓутоа во секој случајочекувањата се повеќе дека ќе има таков бран и не би требало нашта влада по не знам кој пат повторно изненадена“, посочи Миодраг Лабовиќ.