Нова мода меѓу децата, дрога се продава преку Тик-Ток

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата треба да разберат дека дрогата е опасна и погрешна. Децата на возраст од 13 до 18 години првпат користат дрога, покажуваат истражувања направени во соседна Бугарија.

Директор на одделението „Борба против трговија со дрога“ при Царинската агенција истакна дека TikTok рекламира видеа за тоа како некој може да биде успешен во продажба на дрога. На децата им е тешко да ги слушаат зборовите на возрасните кога е во прашање дрогата, истакна Бакалов. Многу е вообичаено да се продава, бара и купува дрога преку Интернет како нова мода меѓу тинејџерите. Тревата како лек сè уште е во мода, со акцент на течните и маслените форми кои се внесуваат во вапси.

Се зголемува и употребата на синтетички дроги – екстази, амфетамин и метамфетамин. Бугарските тинејџери се меѓу првите деца во Европската унија кои користеле амфетамин. Дрогата чини од 20 до 60 лева за 100 грама, истакна Стефан Бакалов.