Нова несреќа со автобус во Бугарија – нема загинати, човечка грешка е водечка верзија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Човечка грешка е најверојатната причина за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија во која учествуваше српски автобус.

„Водечката верзија за овој случај останува основната и првата, а тоа е човечка грешка. Направивме увид на патот не се забележани ниту дупки, ниту неисправности, ниту некакви препреки кои може да ја предизвикале несреќата“, посочи Борислав Сарафов.

Возачот на автобусот не е повреден.

„Земена е крв, негативни се тестовите на алкохол и нароктици“, вели Димитар Димитров.

„Најверојатно денеска ќе се пристапи кон подигнување на обвинение за возачот на автобусот. Експертизите не се готови, најверојатно обвинението ќе биде работно“, посочи Надежда Белчева.

Синоќа пред камерата на БТВ, една од патничките во автобусот ја откри и причината за несреќата.

„Тргнавме од Сончев брег, направивме пауза на бензинска станица 10 километри од тука, се беше во ред, возачот беше одморен, само еден родител посака да седне напред, затоа што се закашла и возачот сакаше да му го спушти седиштето, бидејќи тој не знаеше како, и како возачот се навали да го спушти седиштето, така автобусот се преврти“, вели сведок.

На местото на несреќата немало заштитна ограда на автопатот, па така автобусот успеал да излета од коловозот. Инцидентот се случил вчера нешто по 20 часот. Во автобусот патувале 48 лица. Тие се враќаа од Сончев брег во Белград по учеството на фолклорен фестивал.

Две деца се тешко повредени, а кај возрасен ампутирана е една нога.

Раните од бугарските патишта се уште се свежи, пред неполна година македонски автобус се запали на автопатот „Струма“ при што загинаа 46 лица, а 7 завршија со повреди. Случајот се затвори со утврдување вина кај возачот.