„Нова“ скопска чаршија? Ганиу: Ќе се зачува автентичниот изглед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Што направија вака, катастрофа“.

Вакви се реакциите на граѓаните кога видоа дека се раскопува калдрмата во Старата скопска чаршија. Се жалат дека со градежните активности се губи автентичниот лик.

-Само да се уништува.

ТВ21: Дали мислите дека ќе стане полошо ако се работи вака?

-Па како што одат работите, да, кој знае колку ќе земат. Нека заврши што поскоро. Ќе има луѓе, ќе почнат да работат.

Негодуваат и продавачите, но не сакаа да ги изнесат нивните незадоволства пред камера. Некои минувачи велат дека овие активности се потребни и дека треба да се работи уште повеќе.

-Добро ќе биде. Уште треба да се работи. Нормално, сѐ што ќе се направи е добро. Но, треба уште, уште работа.
ТВ21: Што на пример?
-Сѐ

Медиумите овие градежни активности ги претставуваат како „губење на автентичниот елемент на Чаршијата“, но ова го демантира првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу. Тој вели дека градежните работи се одвиваат според закон и дека проектот се реализира со помош на Банка за развој уште од декември минатата година.

Камењата кои ќе се извадат, нема да се продаваат, уверува Ганиу, истите како што вели ќе бидат складирани во Шутка.


-Тука ќе се складира каменот кој ќе биде отстранет од Старата чаршија. Како што можете да забележите од она што се гледа зад нас, на ова место се собираат камењата кои доколку имаат елементи за употреба, се преработуваат и се користат за реновирање на друга улица во Чаршија-јавува репортерката на ТВ21.

И од Влада ги уверуваат граѓаните дека во Чаршија се работи согласно проектот кој предвидува конзервација и реставрација на овој дел. Овие активности се дел од првата фаза, која треба да заврши за 2 месеци, по што следува и унифицирање на излозите на дуќаните.

Паралелно со вадење на камењата, во Чаршија се инсталира и подземна електрична мрежа.