Во Технолошко индустриската развојна зона Штип наскоро ќе се отвори фабрика инвестиција на компанијата Магнамехатроникс која ќе работи на дизајн, развивање и производство на автомобилски системи, модули и компоненти.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски рече дека ова е прва странска инвестиција за годинава од 40 милиони евра а која ќе обезбеди 600 нови работни места.
„Инвестицијата предвидува според деловниот план најмалку 600-ини работни места и лично очекувам оваа бројка да биде доста поголема бидејќи сепак е значаен обем и на самата инвестиција од 40 милиони евра. Локацијата е избрана за да можеме да поттикнеме порамномерен регионален развој бидејќи бенефитите од странските инвестиции не се исклучива привилегија на граѓаните на главниот град. Проценките кои што ги направи компанијата секако и со наша поддршка говорат дека има доволно резервоар на работна сила што од аспект на луѓе кои што доаѓаат на пазарот на труд значи пред се млади луѓе“, вели Јован Деспотовски.