Голем дел од европските земји планираат со нова стратегија да го сопрат вториот бран од епидемијата на коронавирусот.
Владите на земјите ширум Европа се подготвуваат за попуштање на мерките за да се спречи епидемијата, но се очекува ограничувањата кои ја парализираа економијата, да останат во сила уште неколку седмици.
Франција, Белгија, Шпанија и Финска се меѓу земјите кои основале стручни штабови за испитување на постепено ублажување на наредбите околу останувањето дома и затворањето на училиштата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез во саботата го продолжи затворањето на земјата до 26 април, но истакна дека забраните воведени минатиот месец а кои се однесуваат околу градежните работи и околу производствените процеси, престануваат да важат после Велигден. Тој откри дека тим на епидемиолози веќе работат на план за почнување на економски и социјални активности.
Франускиот премиер Едуард Филип рече дека овој процес е сложен, и дека не е можно да биде применет во секоја земја.
Данска, една од првите земји во Европа која ги затвори своите граници, минатата недела прва го претстави планот за намалување на рестрикциите.
„Ако бројките останат стабилни и разумни, тогаш Владата ќе разгледа постепено и тивко отворање на нашата земја“, рече премиерот Фредериксен.
Германија која што во последните денови бележи зголемување на бројките на заразени и починати, одбива да прогласи потполно укинување на мерките. И натаму важи правилото луѓето да останат дома.
Ако оваа пандемија трае уште два месеци, тогаш се претпоставува дека германскта економија, која е една од најдобрите во Светот, да се намали за 20%.
