По обилните врнежи од дожд, екипите на Општина Чаир продолжуваат со активности на терен за расчистување на улиците и јавните површини.
Во соработка со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, сезонските работници работеа до доцните вечерни часови, а активностите продолжуваат и денес.
Од Општината информираат дека интервенциите се спроведуваат според утврдените приоритети и евидентираните потреби, со цел што побрзо да се врати чистотата и функционалноста.
Покрај расчистувањето на теренот, екипите работат и на собирање и отстранување на кабастиот отпад во повеќе населби во Чаир.
