Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е овогодинешен освојувач на Вимблдон, и со тоа ја одбрани титулата освоена лани. Србинот во сетови 3-1 го совлада Ник Кирјос од Австралија.

На моменти гледачите имаа можност да видат интересен и возбудлив тенис. Се чини смиреноста која ја имаше Новак Ѓоковиќ пресуди, или поточно нервозата која се вовлече кај Ник Кирјос, кој не можеше да се носи со сите проблеми како што беа скандирања од публика, судиски грешки…

Првиот сет го доби Кирјос кој го совлада Новак со 6-4. Во вториот Ѓоковиќ врати со 6-3, а во третиот исто така го доби Србинот со 6-4.

Третиот сет се играше поен за поен, а победникот беше одлучен во тај-брејк каде што Новак ги искористи грешките на Кирјос и славеше победа за својата седма титула на Вимблдон.