Новата година пристигна во Европа – Москва славеше со голем огномет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради пандемијата на коронавирусот што го погоди целиот свет во текот на 2020 година, оваа година беше веројатно најтешката година во животот на многумина. Затоа целиот свет со нетрпение го чека заминувањето на старата, и доаѓањето на новата 2021 година.

Некои земји на планетата веќе го прославија доаѓањето во 2021 година.

Инаку, Новата Година пристигна и во Москва, каде огномет имаше на 11 локации, додека пак главниот настан се случи на мостот Болшој Москворецки.

Поради пандемијата и вонредниот режим во Москва, откажани се масовни настани низ градот, како и детски новогодишни претстави за новогодишните празници.