Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош, утринава потврди дека во земјата има 29 нови случаи на коронавирусот. Сега Хрватска има вкупно 157 заразени со новиот вирус.
Берош видно вознемирен на прес-конференцијата истакна дека ќе бидат превземени уште подрастични мерки за оние кои нема да ги почитуваат препораките.
„Додека не се почитуваат правилата и препораките, секогаш постои можност за неконтролирано ширење. Повеќе не молам, туку наредувам да се почитуваат мерките“, изјави Берош.
После Загреб, и Сплит ја подготвува својата спортска сала да биде болница за заразените од вирусот.
