Додека намалување на индексот на трошоците за живот за месец октомври е забележано кај некои производи, пораст на трошоците е забележан кај некои други производи кои се исто така основни за граѓаните. И покрај намалувањето на цените на основните производи, според податоците на Државната агенција за статистика, граѓаните плаќаат за 6,1 отсто поскапи хотелски услуги во однос на лани. Сепак, според премиерот, мерките на Владата даваат ефект, а најави дека во следниот период ќе се прошири списокот на производи со „гарантирана цена“ и ќе се одобри новиот антикризен пакет.
Според министерот за економија, Крешник Бектеши дополнително на намалување на цените ќе влијае и законот за спречување неправедни трговски практики со што ќе се регулираат 26 неправедни практики.
Инаку инфлацијата во октомври оваа година е за 3% повисока од истиот период лани но пониска во однос на инфлацијата од септември оваа година. Премиерот вели дека е оптимист и дека до крајот на годината инфлацијата на државно ниво ќе се намали под 6%.