Нови детали за трагедијата во Австралија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страшна трагедија се случила вчера во Австралија, пренесуваат тамошните медиуми.

Во домот на семејството Периновиќ во Мелбурн, полицијата пронашла четири мртви тела.

Телата на Клер (7), Ана (5) и Метју (3) и нивната мајка Кети биле откриени во вчера попладне во нивниот дом во Туламарин, северно предградие.

Полиција се сомнева дека убиството е извршено од нивната мајка, која подоцна си го одзела животот.

Инаку, мајката Кети била со хрватско потекло.

Нејзиниот сопруг Томислав Периновиќ повикал брза помош, а полицијата го испрашала пред да биде ослободен без обвинение. Одделот за убиства извести дека 48-годишниот татко бил веднаш ослободен од затвор откако било утврдено дека тој не бил вмешан во убиствата.

„Истражителите не веруваат дека 48-годишникот бил вклучен во инцидентот. Не бараме никого понатаму по ова прашање“, објави полицијата.

Според соседите, Кејти се однесувала чудно во последните неколку месеци и дека можно е да паднала во депресија.

Таа се откажала и од својата работа пред три месеци, каде што работела како физиотерапевт, пишува локалниот портал News9.