Во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, коментирајќи ги состојбите во регионот, професорот Александар Спасеновски оцени дека Македонија се наоѓа во неудобна ситуација, во момент кога во неколку земји во регионот има политички превирања и протести,
„Од аспект на Македонија, бидејќи лавираме цело време помеѓу состојбите во соседните земји и во Македонија, а тоа е навистина неудобна ситуација. Да живеете во регион во којшто имате продолжена или во една најрелативна смисла на зборот кажано, но сепак имате форма на политичка револуција, а без изгледи брзо да заврши“, рече Спасеновски осврнувајќи се на промената на власта во Србија.
Во тој контекст, тој ги спомена и протестите во Албанија и политичките превирања и изборите во Бугарија
„Во долготрајни протести со насилен карактер кај западниот сосед и ситуација во Бугарија… кога таман помисливме дека после седум или осум изборни циклуси ќе се воспостави политичка стабилност, повторно имаме ситуација во којашто опозицијата е на чекор до тоа да го освои мандатот за иден шеф и потпретседател на државата и состојба во којашто имаме радикална разочараност на граѓаните, којашто се манифестира преку неизлегување на избори. Бројката на изгубени гласови во Бугарија помеѓу парламентарните и претседателските избори се движи околу 900 илјади луѓе… Сето ова нам ни упатува на заклучокот дека имаме во моментот два острови на стабилност од нашите соседни држави. Едно е Косово и друга е соседна Грција“, смета Спасеновски.
