Во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, коментирајќи ја промената на власта во соседна Србија и очекувањата за односите со земјава, професорот Александар Спасов рече дека Македонија и Србија имаат традиционално добри односи и очекува тие добри односи да продолжат.
„Факт е дека и претходната и сегашната Влада се трудеа да одржуваат добри односи со Србија, меѓу другото и имајќи ја предвид и трговската размена и традиционалните политички врски, па и емоциите на голем дел од населението“, истакна Спасов.
Од друга страна, според него, Вучиќ имал желба својот модел на владеење да го извезе во регионот. „Факт е и дека Александар Вучиќ имаше желба да својот политички модел од Србија, во рамките на идеологијата на таканаречениот српски свет.. да ја извезува“, рече професорот Спасов.
