Нови два случаи на коронавирус во Битола-вкупно шест, првите 3 припаѓаат на еден кластер, а другите меѓусебно не се поврзани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Од појавата на првиот позитивен случај на Kovid19, на 27 март па се до денес во Битола се регистрирани вкупно 6 случаи, од кои првите 3 припаѓаат на еден кластер а останатите 3 меѓусебно не се поврзани. Во изминатиов период на наше барање повеќе од 100 лица се ставени под здравствен надзор во замоизолација преку ДСЗИ и уште многу повеќе во замоизолација по основ на патување во странство и сл. Земени се примероци и тестирани се над 80 лица, најголем дел по епидемиолошки индикации а дел преку пунктот преку Мој Термин и матичните лекари. Во градот и околината во објектите на државните карантини, сместени се преку 150-тина наши сограѓани кои се вратиле во земјава со организирани транспорти“, напиша на својот фејсбук профил, епидемиолгот д-р Тони Коњановски