Државната изборна комисија ги потврди новите пратеници – Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.
Тие ќе ги заменат Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на последните локални избори.
ДИК ќе им ги издаде соодветните уверенија, а Собранието потоа ќе ги верификува нивните мандати.
Најавено е и можно преструктурирање на Владата.
На местото на Изет Меџити, за прв вицепремиер се очекува да биде именуван Беким Сали, а се очекува ВЛЕН да го објави и името на новиот министер за животна средина.
