Нови услови за да се стане полицаец, треба да го пријави имотот и не смее да биде член на политичка партија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За вработување во МВР најпрво е потребен тест за интегритет. Вака предвидува законот кој доби зелено светло на вчерашната седница. Со помош на тоа, на полициските службеници на МВР ќе им се бара да го пријават имотот и нема да им биде дозволено да бидат членови на политички партии, во спротивно ќе се преземат дисциплински мерки.

“Зошто да не им се прави тест на интегритет на здравствените работници, или на политичарите, на министрите, на судиите, на обвинителите или на градоначалниците, а такви тестови да им се прават само на полицајците. Тоа е противуставно и дискриминаторско кон граѓанинот кој е вработен како полицаец“

Тодев објасни дека се согласува вработените во полиција да се контролираат, но не на секој три месец како што се предвидува бидејќи тоа ќе претставува голем товар за нив.


Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, рече дека целта на тестот на интегритет е подобрување и поголемо усовршување на работата во овој сектор.

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ21 изјави дека имале одредени забелешки, а во врска со тоа доставиле амандмани кои не биле прифатени. Петрушевски додаде дека не може да се направи дератизација бидејќи нема релевантен регистар на партиски членови и не е прецизирано кој ќе утврди дали некој е дел од политичка партијата или не. ВМРО-ДПМНЕ бара тестот за интегритет да го направат надворешни органи, а не МВР. Овој Закон е во собраниска процедура, а од МВР велат дека доколку биде усвоен ќе имаат подетални информации како ќе функционира.