Новинарите не прават само вести, помагаат и со подготовка на храна за сиромашните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како и секој петок, така и денеска во „Ретвит оброк“ се подготвува храна за бездомниците која се дели следниот ден пред спомен куќата Мајка Тереза. И денеска храната ја подготвуваа медиумските работници. Новинарката Тамара Чаусидис рече дека нејзината професија е секогаш на страната на хуманоста и дека новинарите се трудат да бидат во голем број за да помогнат.

А до декември, како што истакна новинарката Теодора Цветковска, повеќе од 100 медиумски работници се распоредени да помагаат во готвењето и дистрибуцијата на храната.

Инаку секој петок се делат над 200 оброци на бездомниците, повеќе од 7 години, каде секој може да донира и да помогне.