Новинарка на Златните глобуси побара помош од познатите личности откако изгуби дијамант од четири карати на црвениот тепих. Келти Најт, дописник за Е! Вести известувала во живо од настанот кога забележала дека и недостасува камен од прстенот.
„Здраво на сите! Итен случај на Златните глобуси. Ако сте славна личност и гледате дијамант од четири карати на црвениот тепих, ве молиме вратете го на Келти Најт на Е! затоа што го нема и, хм, реален е“, рече Најт во видеото на Инстаграм кое го објави набрзо по почетокот на церемонијата.
Најт покажа и прстен на кој се гледа дека недостасува голем средишен камен. На својата приказна на Инстаграм, таа сподели и фотографија на која лази по подот барајќи дијамант на црвениот тепих. Таа изјавила дека најверојатно го изгубила прстенот додека се фотографирала.

Таа подоцна повторно се огласи во својата приказна на Инстаграм со фотографија на која јаде сендвич и откри дека завршила со обврските на црвениот тепих, но сè уште не го пронашла дијамантот.

