Ново рочиште за ,,Титаник” по две месецa пауза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По два месецa одлагања и неодржани рочишта, денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да продолжи судењето за случајот „Титаник”.

Предметот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка.

Судењето го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.