Новороденче заразено од ковид – 137 деца биле хоспитализирани за три недели

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

40-тина деца се лекуваат во моментов со нивните мајки на Клиника детски болести во Скопје откако од пред три недели е Ковид центар. Директорката Софијанова вели дека не се поштедени ниту новороденчињата од новиот вирус. Д-р Софијанова објаснува на кој начин се лекуваат децата во најрана возраст.

Антибиотик примаат вели и новороденчињата на интензивна нега, каде што антибиотикот е особено важен и клучен да го надмине проблемот со инфекцијата, бидејќи се наследена од мајката.

„Најмалото ни е новороденче старо неколку дена и тие не се поштедени, меѓутоа поминуваат најдобро. Оние што сме ги третирале од еден и пол месец најчесто ставаме антибиотик, со кој треба да се спречи секундарна инфекција. Ова е вирусна инфекција и кај таа нема третман кај децата, но затоа секундарната може да направи проблем и затоа мора да биде третирана со антибиотска и инфузиона терапија“, истакна Аспазија Софијанова.

Сепак, она што е поопасно од самиот Ковид е постковид фазата кај децата. Не се знае кој орган се може да биде погоден од вирусот и дали ќе остави краткорочни или долгорочни последници.

„Најчесто се гастроинфестинални, значи имаме проблем со стомачето, имаме проблем со слепо црево, со бубрези, со мозок, со бели дробови со останати органи, затоа се вели мултиорганско системско пост Ковид, бидејќи не знаеме кој слаб орган ќе изделува на самиот Ковид, кој можеби не е толку страшен како инфекција , туку како постковид реакција после инфекцијата“, додава Аспазија Софијанова.

Се  работи на тоа да се има календар за имунизација во кој што би влегле деца од 12-16 години за испитување дали ќе влијае вакцината позитивно или не.