Националното јавно радио (NPR) и три јавни радиостаници во Колорадо поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради извршна наредба со која се прекинува федералното финансирање за јавното радиодифузно работење, соопшти NPR во вторник.
Според нив, извршната наредба на Трамп со која им се забранува на NPR и јавниот радиодифузен сервис PBS да користат средства одобрени од Конгресот го крши Првиот амандман од Уставот на САД.
„Намерата е јасна – извршната наредба има за цел да го казни НПР за вести и други програми што не му се допаѓаат на претседателот“, рече директорката на НПР, Кетрин Махер. „Ова е чин на одмазда и дискриминација врз основа на мислење, што е спротивно на Првиот амандман.“
Радио станиците „Аспен Паблик Радио“, „Колорадо Паблик Радио“ и „КСУТ Паблик Радио“ исто така се приклучија на тужбата, објави „Ројтерс“.
