Нема напредок по денешната средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Како што кажа Ангел Димитров, копретседавачот на бугарската комисија, рече дека после денешниот состанок има „нула“ напредок.
„За жал, морам да констатирам дека имаме напредок „нула“ после денешната средба. Не најдовме заеднички јазик околу темите за кои разговаравме“, изјави Димитров.
Драги Ѓоргиев, копретседавачот со македонската комисија, потврди дека нема напредок во денешните преговори, а „кочницата“ била придавката „македонски“ и историската личност Цар Самоил.
„За жал, точно е дека нема преговори по денешната средба“, истакна Ѓоргиев, кој додаде дека проблемо е употребата на придавката „македонски“.
„Голем дел од средбата беше посветена на записниците од 9 и 10 средба и главен проблем е употребата на придавката ‘македонски‘. Потоа со толкувањата за Самоиловата држава, спротивставени се и гледањата за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади“, рече Ѓоргиев.