Од Општина Битола информираат дека за концертот на Петар Грашо во Хераклеја потрошиле 500.000 денари, а за останати три концерти кои ги организирала Авалон продукција (Амира Медуњанин, Дарко Рундек, Жељко Бебек), одвоила 600.000 денари.
„За сите настани има договори, а средствата кои што преостануваат до крајот на годината ќе бидат наменети во соодветната област-културата“, велат од Општина Битола за ТВ21.
Ова е цела листа на суми кои Општина Битола ги одвоила за поддршка на културни настани:
- Три концерти на Авалон Продукција 600 000 денари
(Амира Медуњанин, Дарко Рундек, Жељко Бебек)
- Концерт на камерен оркестар 150 000 денари
- Локум фест 120 000 денари
- Илинденски денови 200 000 денари
- Џез фестивал 100 000 денари
- Концерт на Петар Грашо 500 000 денари
- Битола отворен град 600 000 денари
- Фестивал на музика и вино 300 000 денари
- Тра-ла-ла со камерен оркестар 150 000 денари
- Незаборав (електронска верзија) 156 000 денари
- Одбележување на денот на млад 120 000 денари
- 300 работи, Триста 28 000 денари
- ИФФК Браќа Манаки 220 000 денари
- Мал битолски Монмартр 150 000 денари
- Одбележување на 60 години Македонски Научно Друштво Битола- 375 000 денари
