Обид за „релаксирање на атмосферата“ – Пендаровски и Радев патуваат заедно за Рим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На пладне, бугарскиот претседател Румен Радев слета во Скопје.

На црвен тепих и со гарда го пречека неговиот колега од Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Радев тргна кон светото седиште на Рим, но во Скопје застана за да ја земе и делегацијата на Северна Македонија. Заедно ќе ги чествуваат двата најважни лика за двата народа, светите Кирил и Методиј.

Пред да тргнат кон Рим, се сретнаа во просторијата за службен пречек на Аеродромот, каде имаше огромен интерес од медиумите.

„Голем интерес“, рече Пендаровски.

Толку големо внимание за двајцата шефови на двете држави имаше бидејќи историскиот спор меѓу Софија и Скопје никогаш не бил толку нагласен. Нивната средба и заедничкото патување се толкува како обид за ублажување на тонот. Уште повеќе сега, на почетокот на јуни, кога во ЕУ треба да се одлучува за почеток на преговорите со Северна Македонија. Последниот пат Бугарија рече НЕ заради нерешените историски прашања.

„Патувањето во Рим по повод чествувањето на Светите браќа Кирил и Методиј е прекрасен повод да го обновиме дијалогот меѓу нашите две земји на највисоко ниво и да ја изразиме нашата заедничка желба за развој на нашите односи во духот на соработката и добрососедството“, посочи Румен Радев.

На Меѓународниот аеродром Скопје не се задржаа долго. „Генерално разговаравме за она што се случувало изминатите два-три дена во Брисел“, изјави Пендаровски, додавајќи дека за време на престојот и на враќање од Рим ќе имаат можност да разговараат повеќе. Заедно се качија во службениот бугарски авион и одлетаа кон Рим.