Јужна Кореја е погодена од обилни дождови четврти ден по ред, во кои загинаа најмалку четири лица и беа принудени повеќе од 7.000 жители да се евакуираат, објавија властите денес.
Според Централниот штаб за катастрофи и безбедност, до утрово се пријавени четири мртви, вклучувајќи две лица во Сеосан и две исчезнати во Гвангжу, објави Јонхап.
Наредби за евакуација се издадени за 7.029 лица од 4.995 домаќинства, додека повеќе од 2.800 сè уште не можат да се вратат дома.
