За време на топлотниот бран во јули, во Франција се регистрирани 1.243 смртни случаи повеќе отколку во 2025 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција во периодот од 3 до 22 јули, кога земјата беше погодена од топлотен бран, регистрирала 1.243 смртни случаи повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Како што е наведено, најголем дел од починатите биле лица постари од 75 години, иако смртните случаи не можат директно да се припишат на високите температури, пренесува телевизијата БФМ.

Зголемување на бројот на смртни случаи е регистрирано во сите региони во Франција, со исклучок на Корзика.