Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември – тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имале контакт со потврден случај.
Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.
Пријавени се 28 смртни случаи, регистрирано е намалување од 41,7% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, четворица на возраст од 50 до 59 години и еден од 40 до 49 години.
Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19, како и кумулативната состојба се достапни и на веб страницата на Институтот за јавно здравје
