Објавена филмската програма на КИНЕНОВА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија тргнува по кинеската вакцина? – Вакцинација во февруари, прво ризичните групи

Вакцината е инструментот за спас од коронавирусот, а кај нас со имунизација започнуваме за еден месец, вели министерот за...

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и брза помош на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центар

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и возило на Брзата помош се случила попладнево на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центарот. Засега нема...

ОВР Прилеп поднесе девет кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и овластување

ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49)- тогаш во својство...

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија со јачина 4.4 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет 4,4 степени според Рихтер ја потресе Албанија. Епицентарот е во Драч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил...

Груби: Лапсус на Меџити, прашањето е за Ахмети – Меџити: Не е лапсус! Груби да не се крие зад лидерот

Продолжуваат превирањата меѓу интегративците Меџити и Груби. Последното беше околу Насер Зибери, кој вчера беше избран за нов Народен правобранител,...

Денес во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија се одржа прес конферениција посветена на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“.

Имено, на прес конференцијата се обратија директорот на Небојша Јовановиќ и програмскиот директор на фестивалот Игор Анѓелков, кои официјално ја објавија програмата оваа година.

Директно вклучување имаше и актерката Бранка Катиќ која е овогодинешната ѕвезда на фестивалот.

Директорот на Меѓународниот Небојша Јовановиќ го најави почетокот на петтото издание на Киненова.

„Нас кризата дополнително нѐ мотивираше, бидејќи бевме свесни дека имаме мисија да продолжиме и тоа со квалитет повисок од тој кој што сме го поставиле претходно. Оваа година ја имаме можеби најобемната и најквалитетна програма до сега“, изјави директорот Јовановиќ.

Тој изјави дека фестивалот повторно ја продолжува традицијата со што го става фокусот на главната програма, односно на први и втори филмови на нови режисери од цел свет.

Игор Анѓелков посочи дека КИНЕНОВА се издвојува по супер квалитетната филмска програма.

„Оваа година КИНЕНОВА се издвојува по супер квалитетната филмска програма, дебитантите го имаат целото внимание во програмата и пред публиката, а главниот фокус е на европските филмови, односно во фокус е шпанската кинематографија и во сите три филмови доминира Пенелопе Круз“, рече Анѓелков.

На прес конференцијата беа претставени и кратки сегменти од интересните моменти од интервјуто на Бранка Катиќ, добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал КИНЕНОВА за 2020 година.

Во нејзиното директното вклучување, таа се заблагодари и изјави дека ова е прва награда за неа од Македонија и најави посета.