Објавени излезните анкети во Германија – ЦДУ има 29 отсто, АфД 19,5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германските гласачи денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци.

Наводниот нов канцелар Фридрих Мерц вети цврста промена надесно доколку биде избран за да ги врати гласачите за екстремно десничарската антиимиграциска Алтернатива за Германија (AfD), која очекува рекорден резултат по серијата смртоносни напади за кои се обвинуваат барателите на азил.

Ова се резултатите од излезните анкети во 18 часот:

ЦДУ/ЦСУ – 29 отсто
АфД – 19,5 отсто
СДП – 16 проценти
Зелените – 13,5 отсто