Поранешниот министер за образование и труд и социјална политика Спиро Ристовски ослободен е и од куќен притвор, соопшти денеска судијата на рочиштето за предметот „Организаторите на 27-ми април“.
По укинувањето, Ристовски сега треба да се јавува два пати неделно во судот, одземен му е пасошот и не смее да го напушта Скопје.
Ристовски е еден од осомничените во случајот за упадот во Собранието на 27 април. А на обвинителна клупа се наоѓаат и екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот дирекот на УБК, Владимир Атанасовски.
