Обвинителите денеска во судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“, ги прелистуваа материјалните докази, кои докажаа дека високоризичните објекти за пожар, каков што бил и дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, боопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, пренесува „Сакамдакажам.мк“.
Во првиот дел од приказот се слушаше гласот од екс директорот на ДЗС, Шабан Салиу, кој е меѓу обвинетите, и за секој прикажан документ со неговиот потпис велеш дека тоја не е негов потпис.
„Сакате да кажете дека некој ви го фалсификувал потписот“?, праша обвинителката Диана Груевска-Илиевска.
Неговиот адвокат врати: „Ќе објасниме подоцна судија“.
„Доказите се за 2016 година и се планови за надзор на објекти ризични за пожар, на подрачјето на целата држава. Во нив се утврдени критериуми за проценка за ризик од пожар и други безбедносни ризици. За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор. Не е назначен ниту инспектор како би извршил редовен или вонреден надзор”, кажа обвинителката, која додаде дека пред 2015 година имало само еден надзор во Кoчани, и тоа во неризичен објект, а ризичните не биле поминати.
Потоа се врати уште поназад, па прикажа докази-документи од 2014, 2013 и 2012, од кои се виде дека ДЗС не воспоставила јасни критериуми за проценка за загрозеност на објекти од друг вид незгоди.
