Обвинителството да преземе мерки – Асани: Пронајдениот епитаф покажува Илиро-Арберешко-албанско потекло

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двете плочи кои се пронајдени на археолошкиот локалитет “Скупи“ имаат исклучителна вредност за албанското културно наследство, вели директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани. Тој изразува загриженост дека овие две плочи може да ја имаат судбината на илјадници други артефакти кои се исчезнати или преместени во музеите во Скопје, но не се презентирани ниту научно толкувани. Може да дојде до нивно исчезнување, вели Асани, бидејќи Албанците во Македонија немаат ниту еден музеј од етно културата каде би можеле да ги презентираат артефактите за нивното потекло.

За конкретниот случај Асани вели дека ЈО треба да преземе мерки кон тие што дозволиле издавајќи дозвола за градба со што го прекршиле законот за културно наследство.

„Од институциите, Јавното обвинителство мора да поднесе кривична пријава против оние кои дозволиле, односно дале градежна дозвола во тој дел каде што не треба да се дава дозвола, бидејќи во воздушната линија од 3 километри каде што се археолошките ископувања, каде што се одвиваат, тие не треба никому да му издадат одобрение за градба. За жал, многу згради се изградени на врвот на античкиот град, многу, многу артефакти се уништени, како што е судбината дури и во последниот случај“, вели Скендер Асани.

Во музејот се испраќаат разни артефакти а не таков град, вели Асани.  Додава дека таму постои античко Скупи и дека античко Скупи може само да се прошири, а не камењата да се испраќаат на друго место. Изјавува дека земјата таму мора да биде зачувана и заштитена со закон.

„Секаде во светот се посетуваат локалитети каде што се наоѓаат и таму се конзервираат за да отидат да ги посетат посетителите и да бидат елемент за едукација на новите генерации за  градот Скупи во историските периоди“, додава Скендер Асани.

Според историчарите, она што се чита во натписот на епитафот е дека покојникот е Епикрат кој исто така ја обележал својата сопруга и неговите три сина, така што третиот син се вика Дарданиј. Според историчарите, античко Скупи е основано во бронзената доба, каде се пронајдени артефакти од илирската материјална култура, што значи дека Скупи бил главен град на Дарданското кралство. И по доаѓањето на Римјаните, Скупи продолжило да биде главен град на провинцијата Дарданија и така останале траги низ историјата, вели Асани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: